Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Жан Тод, за германски „Билд“ раскажал непознати детали за улогата на сопругата на Михаел Шумахер, Корина, во неговото одржување во живот по оштетувањата на мозокот.

  • Благодарение на докторите и кооперацијата со Корина која сакаше тој да преживее – тој преживеа, но со последици. Сега се бори заедно со него. Се надеваме дека работите полека, но сигурно ќе се подобрат, изјавил поранешниот шеф на Формула 1.