Жал ми е што моравте да го видите ова, срцето ми е скршено…

251

Даниел Кормиер само еден ден по тешкиот пораз од Хрватот Стипе Миочиќ во октагонот, за титулата светски шампион во тешка категорија, на своите фанови и блиското семејство им се обрати со порака на социјалната мрежа „Инстаграм“

– Помина една ноќ од поразот и нема зборови со кои би можел да го изразам моето разочарување и колку ми е жал што ве разочарав. Особено на моите деца и на сопругата сакам да им кажам колку ми е жал што мораа да го видат мојот пораз во кафезот. Секој пат ми се крши срцето кога ќе видам колку ве боли мојот пораз, напиша Кормиер.

Откако им се заблагодари на своите тренери, тој  имаше што да му каже и на својот противник – Стипе Миочиќ.

– Уште еднаш ти честитам на фантастичната победа. Покажа големо срце и многу борбеност. Ти си дефиниција за цврстина за која толку многу се зборува, напиша Кормиер, па се сети и на шефот на УФЦ, Ден Вајт и целата организација.

Благодарност до Ден и џелата организација за сè што направивте за мене и моето семејство. Ова беше едно феноменално патување и сега на мене останува да одлучам што ќе правам понатаму, а штом одлучам ќе го споделам со вас. Ве сакам, заврши Американецот, кој најверојатно наскоро ќе ú стави крај на кариерата.