Познатиот македонски музичар Денис Демиров, кој беше еден од поомилените на нашата естрада, а кој како гитарист е дел од групата „Газоза бенд”, почина на 38-годишна возраст.

Желната веста за смртта на Демиров ја потврди и неговиот добар колега Џамбо Агушев, кој изјавил дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Информациите велат дека Демиров имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок, а чаршиските приказни дека имал корона се сосема неточни.

– Многу жално. Многу. Денис е над 20 години дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек, изјави емотивно Агушев за медиумите.

Голем број негови колеги изразуваат сочувство до неговото семејство и споделуваат заеднички фотографии, збогувајќи се со Денис. Нека му е лесна земјата.