Откако обезбеди пласман во плеј-офот од Суперлигата, тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе биде посилен за нов десен бек. Нов член на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец Павле Петровиќ, кој доаѓа од Локомотива од Брчко. Петровиќ има 21 година и подеднакво може да игра и како десно крило.

-Дојдов во Еурофарм од Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите, изјави босанскиот интернационалец