Неколку дена по завршниот турнир во Купот на Македонија, македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, соопшти дека спогодбено го раскина договорот со тренерот Жељко Бабиќ на крајот од сезоната. Во две недели пелистерци пропуштија големи шанси да ги освојат шампионатот и Купот и останаа со еден трофеј во сезоната која е на истек.

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.

Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек. Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022, се вели во соопштението на клубот од Битола.

До крајот на плеј-офот Еурофарм Пелистер ќе одигра уште два натпревари против Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.