Екипата на Еурофарм Пелистер го одбрани домашниот терен и со голема победа над швајцарски Кадетен Шафхаузен (27:26) во рамки на осмата рунда направи голем исчекор кога е во прашање лидерското место во групата.

Со овој триумф македонскиот вицешампион и дефинитивно обезбеди едно од првите две места во групата Д со кое го одбегнува првиот фаворит во натпреварувањето германски Магдебург во осминафиналето.

Фото: Фејсбук – Е. Пелистер