Е. Пелистер ги доби ривалите во Лига Европа, два пати ќе гостува во Германија

28

Македонија оваа година ќе има само еден претставник во групната фаза од  Европската лига на ЕХФ, откако РК Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 беа сопрени од Алпла Хард, па така само вицешампионот Еурофарм Пелистер ќе ја брани честа на мак-ракометот во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

На ждрепката во седиштето на ЕХФ во Виена без извлечени групите за новата сезона во ЕЛ. Битолскиот тим беше во вториот барабан и за противници ги доби Фуксе Берлин, Мотор Запорожје, Бидасоа, Скандерборг и Агуш Санташ.  Така Еурофарм Пелистер двапати ќе гостува во Германија, затоа што покрај дуелот со Фуксе Берлин, и натпреварот против Мотор Запорожје ќе го игра во Германија, поточно во Дизелдорф.

Пелистерци оставија одличен впечеток во последните две сезони во ова натпреварување и двапати ја минаа групата и играа во елиминационата фаза. Во премиерната сезона беа елиминирани од Магдебург, додека лани беа сопрени од Нексе Нашице.

Група А: Бенфика, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Гепинген, Монпелје, Веспрем КФТ

Група Б: Екс Ан Прованс, Иштад, Валур, Фленсбург, Бенидорм, Ференцварош

Група Ц: Скјерн, Гранољерс, Балатонфуреди, Спортинг Лисабон, Нексе, Алпла Хард

Група Д: Фуксе Берлин, Еурофарм Пелистер, Мотор Запорожје, Бидасоа, Орхус, Агуаш Санташ

Фото: Е.Пелистер (Фејсбук)