ЕЦТАА: На ЕУ не и треба карантин, туку координирани ограничувања и тестирања

30

Хаосот бара Ваш личен ангажман во моментот, се наведува во писмото на ЕЦТАА испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Европските влади треба да го заменат карантинот со кооридинирани ограничувања и тестирања на ковид-19, соопши денеска Европската асоцијација на агенти за патувања и тур-оператори (ЕЦТАА), барајќи интервенција од Европската комисија.

– Хаосот бара Ваш личен ангажман во моментот, се наведува во писмото на ЕЦТАА испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Апелот до Комисијата е во исто време со предупредувањето од групата на европски аеродроми дека во август е манален бројот на патници за 65, а во првите две недели од септември се намалил дури за 73 отсто.

-Неимплементацијата на предлогот на ЕК ќе ја уништи секоја можност за потенцијално закрепнување, се предупредува во писмото, што е потпишано од здруженија кои заедно претставуваат повеќе од 5.000 компании и милиони работници во различни сектори, од авијација и туристички агенции до хотели, ресторани и кампови и фирмите за нивно снабдување.

Туризмот сочинува 10 проценти од економската активност во ЕУ и вработува 12 проценти од вкупната работна сила.

ЕЦТАА е составена од повеќе од 20 туристички здруженија и Меѓународната асоцијацијаза воздушен сообраќај (ИАТА).

Извор: МИА