Европската ракометна федерација (ЕХФ) планира, ракометот на тенерите да се врати во јуни, а завршниот турнир во Лигата на шампионите да се помести за крајот на август или почетокот на септември.

Европскиот шампион Вардар според планот на европската куќа на ракометот, осминафиналето од Лигата на шампионите против Пик Сегед би требало да го одигра на почетокот од јуни.  Доколку се пласира во четвртфиналето ќе игра  од 22. до 28. јуни. Завршниот турнир во  машка конкуренција е планиран за крајот на август (22-23).

Во планот на ЕХФ стои дека ако сите овие наптревари не може да се одиграат, за палсман во следната фаза ќе се земат в предвид резултатите од комплетираните кола во елитното натпреварување. Ова значи дека на Ф4 во Келн ќе играат двете првполасирани екипи од конечните табели по групната фаза.

Македонската машка ракометна репрезентација баражот за пласман на следното Светско првенство, во 2021 година во Египет, против Франција ќе го одигра во периодот од 29. јуни до 5. јули. Овој план на ЕХФ нема гаранција дека ќе биде остварен, а сето ова ќе зависи од развојот на настаните со коронавирусот на светско ниво.