Македонскиот ракометен шампион Вардар и во наредната сезона ќе игра директно во групната фаза од Лигата на шампионите. Покрај „црвено – црните“  директно во групната фаза директно се пласираа уште девет екипи.

Преостанатите шест места ќе бидат пополнети со уште шест екипи од оние 12 што се пријавија за вајлд-карта. Конечниот список на клубовите што ќе добијат место во елитната конкуренција ќе биде објавен на 28 јуни, додека ждрепката ќе биде на 2 јули.

Уште отсега е јасно дека Мешков, Веспрем, Монпелје, Мотор Запорожје, ќе добијат „билети“ за елитата, а големи се шансите во елитата да играат уште Висла Плок и Динамо Букурешт.