ЕХФ го казни Веселин Вујовиќ со 2.000 евра поради неспортско однесување

31

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ за неспортско однесување во натпреварот со Фленсбург (25:26) во Лигата на шампиони.

Вујовиќ ќе мора да плати 2.000 евра и доби забрана да ја води екипата во мечот со Барселона викендот. Хрватскиот клуб има право на жалба во рок од седум дена на ваквата одлука, но тоа нема да влијае во делот на суспензијата.

Ракометниот стручњак од Цетиње е на кормилото на ППД Загреб од 2019 година и за него ова е втор престој како тренер во тимот од хрватската престолнина. Претходни ги водеше „плинарите” и во периодот од 2014 година до 2016 година.