Во морето на одложени натпревари сезонава во Лигата на шампионите, на несекојдневен начин беше одложен уште еден меч во најелитното ракометно натпреварување во Европа. Поточно ЕХФ мораше да го одложи натпреварот меѓу Веспрем и Нанат.

Играчите веќе беа на теренот, се загреваа и чекаа да почне мечот. Но во последен момент стигна известување дека еден од судиите е позитивен на коронавирусот. По неколку часа чекање, ЕХФ одлучи мечот да биде одложен.

Официјално мечот е одложен, но наскоро ЕХФ ќе одлучи на кој начин ќе ги распредели бодовите. Се претпоставува дека двата тима ќе добијат по еден бод.