Ефикасен ментален тренинг: пробајте судоку

152

Менталниот тренинг е навистина потребен за секоја средовечна личност на денешницата, во ерата кога продолжувањето на животниот век е едно од најпожелните нешта.

Доколку се прескокне, извесна е појава на ментална атрофија, која може да биде вовед во деменција и други болести поврзани со стареењето, предупредуваат стручњаците од германскиот Универзитет во Ерланген.

sudoku

За навреме да го пресретнете постепеното заборавање и пасивизирање на мозокот, стручњаците советуваат учење на странски јазици, решавање крстозбори и судоку кои го брусат мозокот. Ова е многу значајно, бидејќи личност со деменција, на пример, понекогаш не може да ги изврши ни наједноставните нешта. Не е во состојба да се сети на сопствениот телефонски број, што треба да купи во продавница или каде го паркирала автомобилот.