Кошаркарите на Анадолу Ефес зебележаа победа на гости кај Фенербахче со 89:84 во турското дерби во Евролига. Најзаслужни за оваа победа на Ефес беа Ларкин, со 25 поени, Плајс запиша 17 и Мициќ 14 коша. Кај Фенербахче, Шајок реализираше 18 поени, а неговиот тим го забележа четвртиот пораз во серија.

Реал Мадрид ја понижи Басконија на гостински терен, а најефикасни во победничкиот тим беа Французите Козер и Ертел со 13, односно 12 поени.

Алба Берлин го победи Макаби ТА со 91:86, ЦСКА славеше на домашен терен против Баерн (77:74), додека Панатинаикос оствари победа над Зенит со 70:64.