ЕУ ќе организира донаторска конференција за Сирија и Турција

40
EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

ЕУ планира во март да организира донаторска конференција за да се мобилизира меѓународна помош за Сирија и Турција за справување со катастрофалните последици од земјотресите што ги погодија двете земји, соопшти шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен.

– Сега се тркаме со времето за да спасиме животи заедно. Наскоро ќе обезбедиме хуманитарна помош, заедно. Турција и Сирија можат да сметаат на ЕУ, напиша фон дер Лајен на Твитер. Таа информира дека домаќини на конференцијата ќе бидат таа и Улф Кристерсон, премиерот на Шведска која во моментов претседава со Унијата.

ЕУ соопшти дека конференцијата ќе се одржи на почетокот на следниот месец во Брисел во координација со турските власти „за да се мобилизираат средства од меѓународната заедница за поддршка на народите“ на двете земји.

– Никој не треба да биде оставен сам кога таква трагедија ги погодува луѓето, истакна Фон Дер Лајен.

Настанот ќе биде со цел да се координира меѓународниот одговор на катастрофата и „ќе биде отворен за земјите-членки на ЕУ, соседните земји, членките на ОН“ и меѓународните кредитори, соопшти Унијата.