ЕУ се откажува од 100 милиони дози Џонсон и Џонсон, размислува да донира други 100 милиони

56

Европската унија одлучи да се откаже од можноста да купи 100 милиони дози вакцини од американската компанија Џонсон и Џонсон против Ковид-19 и размислува да донира уште 100 милиони дози доколку се нарачаат, соопштија европските власти.

Дискусиите покажуваат пад на довербата во вакцината од една доза, која првично беше потенцирана како важна за успешна вакцинација во Европа, но оттогаш во голема мера беше ставена во заден план по безбедносните проблеми и снабдувањето, јави Ројтерс, пренесува Јаху њуз.

На крајот на март, ЕУ дозволи да истече рокот за нарачување на 100 милиони дополнителни дози, соопштија тројца европски официјални лица кои се запознати директно со договорите со производителите на вакцини, откривајќи доверлива клаузула во договорот со Џонсон и Џонсон, која не е објавена досега.

Според договорот, ЕУ нарачала 200 милиони дози вакцини со можност да купи уште 200 милиони во две одделни транши.

Втората опција за преостанатите 100 милиони дози истекува на крајот на јуни, но се уште не е донесена одлука дали да се користи, велат извори.

Портпаролот на Европската комисија одби да даде коментар.