ЕУ планира казни за земјите кои произведуваат струја од јаглен?

187

Регионалните медиуми информираат дека Европската унија може за Западен Балкан да воведе такси за производителите на електрична енергија поради емисиите на јаглерод диоксид. Тоа би претставувало шок за цената на електричната енергија, ако се знае дека кај шесторката Македонија, Србија, БИХ, Црна Гора, Албанија и Косово струјата главно доаѓа од термоелектрани што работат на јаглен, пренесува “Фактор#.
Шефот на секторот за електрична енергија на Секретаријатот на Енергетската заедница на Југоисточна Европа, Јасмина Трхуљ, рече дека се уште не постои временски рок за ова прашање.
За Ал Џезира таа рече дека студијата за субвенции во секторот за јаглен е во тек и дека ЕЕЗ сака да почне разговори на оваа тема.
Ова прашање постојано е на дневен ред на Советот на министри на Енергетската заедница и тие засега велат “не# на европската шема за тргување со емисии.
Ваквите закани треба да ја охрабрат транзицијата од фосилни горива на обновливи извори на енергија, но и да се награди истото со субвенции.
Стимулансите би се однесувале на гасни и хидро централи, како и на ветерници и на соларни платформи.