Дома БАЛКАН ЕУ перспективата на Западен Балкан една од темите на состанокот на Советот...

ЕУ перспективата на Западен Балкан една од темите на состанокот на Советот за надворешна политика во грчкото МНР

38

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ги информирал претставниците на политичките партии, кои се дел од Парламентот за последните случувања во грчката надворешна политика.

-Во однос на Западен Балкан, ги анализирав нашите иницијативи за промоција на интегративниот тек на државите од Западен Балкан, преку работниот појадок што го организиравме во декември во Брисел, но и преку Самитот на министрите за надворешни работи на балканските земји и државите членки на Европската унија, што ќе се одржи на 24 февруари во Солун, рече Дендиас по завршувањето на состанокот.

-Разговаравме и за темите што се поврзани со Балканот и почетокот на пристапни разговори со двете земји од Западен Балкан, рече пратеникот од Нова демократија, Ангелос Сиригос.

На состанокот што траеше над два часа, акцентот бил ставен на последните случувања во грчко – турските односи, а како што рече Дендиас, објаснил дека Грција е посветена на одржување на отворени канали на комуникација со Турција.

Фактот што одновно ќе започне дијалогот за Мерките за градење доверба со Турција, беше позитивно оценет и од претставниците на СИРИЗА.

Пратеничката од опозициската партија, Сиа Анагностопулу, по состанокот рече дека, за нив, постои големо несогласување во однос на тоа што значи активна и повеќедимензионална надворешна политика.

Коментирајќи го овој став, шефот на грчката дипломатија рече дека тие се подготвени да Ги прифатат советите на соговорениците, бидејќи како што истакна, „во националните прашања не постојат партиски поделби”.

Дендиас, исто така ги известил членовите на советот и за грчкиот одговор до германската влада во врска со барањето на воените репарации и за отплата на окупаторскиот долг.

-Грчкиот одговор до германската страна е дека за Грција прашањето не се смета за завршено, истакна министерот за надворешни работи на Грција.