ЕУ за сите шест земји од Западен Балкан ќе даде 30 милијарди евра, само за Бугарија 38 милијарди

165

ЕУ на Самитот ЕУ-Западен Балкан претстави Економски и инвестициски план (ЕИП) со кој се предвидуваат 30 милијарди евра помош за Западен Балкан во наредните седум години. Според  Декларацијата од Самитот во Словенија, 9 милијарди евра се грант, а остатокот ќе бидат инвестиции привлечени преку новиот Гарантен инструмент за Западен Балкан.

За споредба, Бугарија ќе добие 29 милијарди евра од новиот инструмент на ЕУ за закрепнување од корона-кризата и долгорочниот буџет на ЕУ во следните седум години. Дополнително, според политиката за кохезија на ЕУ, Бугарија во наредните седум години ќе добие уште 9 милијарди евра.

Со овие средства, ЕУ сака „да ги стимулира долгорочното, зелено социо-економско закрепнување и конкурентноста на регионот, да ја поддржи неговата зелена и дигитална транзиција, да ги поттикне одржливата поврзаност, регионалната интеграција, трговијата, со што ќе ги зајакне соработката и конвергенцијата со ЕУ, вклучувајќи ги и целите во однос на климата“.

Ваквата разлика во помошта од ЕУ ќе го зголеми јазот меѓу земјите членки и кандидатите за членство.