ЕУ дели бесплатни патувања за млади, може да аплицираат и Македонци

197

ЕУ дели бесплатни железнички билето за патување за младите. Европската комисија најави нова рунда од програмата Discover EU, во која ќе бидат поделени 35.000 билети на младите Европејци, вклучително и граѓаните на Македонија, за бесплатно патување низ континентот, објави Комисијата во четвртокот.

Билетите важат до 30 септември 2024 година.

Граѓаните на Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн,  Македонија, Норвешка, Србија и Турција можат да аплицираат за 30-дневни Interrail билети кои ќе важат од 15 јуни оваа година до 30 септември следната година. Условите ги има наведено тука.

Програмата Discover EU започна во 2018 година на иницијатива на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер (Шпер) со идеја сите граѓани на ЕУ да добијат Interrail билет и можност да го запознаат својот континент на нивниот 18-ти роденден.

Според податоците на Комисијата, досега за вкупно 212.700 билети се пријавиле околу 916.000 млади луѓе.

Адресата на порталот за апликации на македонски јазик можете да ја најдете овде.