ЕУ го обвини Епл за кршење на антимонополските правила

26

Регулаторите на Европската унија денеска ја обвинија американската компанија „Епл“ за кршење на антимонополските правила на европскиот блок и за нарушување на конкуренцијата во областа на стримингот на музика.

Европската комисија соопшти дека се спротивставува на начинот на деловното работење на „Епл“, бидејќи таквиот модел на крај ќе ги чини потрошувачите и ќе го ограничи нивниот избор.

Европската унија изрази загриженост дека „Епл“ ги принудува програмерите кои продаваат дигитална содржина да го користат системот за внатрешно плаќање на „Епл“, кој наплаќа 30 проценти провизија за сите претплати.

Истрагата исто така утврди дека овие такси на крајот се „префрлаат“ на потрошувачите.

Истрагата следеше по поплаките од популарниот музички стриминг сервис Спотифај.

ЕУ исто така изрази загриженост дека „Епл“ ги спречува програмерите да ги информираат корисниците за поевтини начини на плаќање.