Екипата на Еуро Никел донесе уште едно засилување во своите редови. Овој пат тимот од Кавадарци се пофали со потписот на поранешниот македонски репрезентативец, Ивица Дамчевски, кој ќе остане во клубот една година.

Димчевски во Еуро Никел пристигна од Гостивар, а има настапувано и за екипите на Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица и Кожув.