Битолскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер, забележа убедлива победа над словачкиот Татран Прешов со 28:16 (11:7), во рамките на Регионалната СЕХА лига. Битолчани од почетокот до крајот на мечот ја контролираа играта и резултатот, особено во второто полувреме кога направија двоцифрена предност и се изборија за мирна завршница.

Елмир Граџан со седум гола и Периќ со шест беа најпрецизни во битолскиот тим, а на голот повторно блескаше Хендави со 15 одбрани. Кај поразениот тим Рабек даде шест, додека еден помалку имаше Пачеко.

Мечот со Татран Прешов беше само загренање за пелистерци, за клучниот меч во Европската лига со Кадетен Шафхаузен против кого ќе решаваат од која позиција ќе патуваат во елиминационата фаза од ова натпреварување.