Спектакуларната ерупција на најактивниот вулкан во Европа, Етна, достигна врв во понеделникот вечерта кога цели фонтани со лава се “вивнаа“ на надморска височина од 1.500 метри, пишува Гардијан.

Вулканолог ги опиша сцените како „едни од највпечатливите во последните неколку децении“.

Најактивниот вулкан во Европа беше многу експлозивен во последните неколку седмици, исфрлајќи вжарена магма и пепел, што достигнува дури до Катанија. Според експертите, овој огномет е дел од ерупција што спаѓа во нормалните активности на овој вулкан висок над 3.300 метри.

– Етна деновиве има вистинска претстава, рече Марко Нери, вулканолог и член на ИНГВ, Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија. Ова е секако најсилната експлозија во јужниот кратер откриена во 1971 година. Не сме виделе толку големи експлозии со години, но во моментов нема ризик за населението, освен чадот што може да предизвика проблеми со дишењето и пепелта што ги покрива зградите и улиците, рече Нери.

Во понеделникот, околу 23 часот, водоскок од лава, опкружена со џиновски облаци чад, ја надмина надморската височина од 1.500 метри, додека илјадници парчиња карпи беа фрлени од кратерот во небото до висина од неколку километри.