Естрадно-политичка пресметка помеѓу Цеца и Чеда заврши со нејзината слика од затвор

266

-Јас мојата голгота ја поминав. Ме уапсија и ме ставија во затвор подолго од било кој мафијаш. Оние кои тоа ми го направија мене и на моите деца совеста им е најголемата казна, беше единственото нешто што Цеца Ражнатовиќ го кажа за тие 121 ден што ги помина зад затворските решетки поради обвинение дека има контакт со земунскиот криминален клан и поради затајување на данок во ФК „Обилиќ“ што го наследи од својот сопруг, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
На неславно минато на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се присети српскиот политичар Чедомир Јовановиќ кој веќе со години не е во добри односи со неа. Последната нивна заедничка средба беше на роденденот на близначките на Жељко Јоксимовиќ. Тогаш српскиот портал „Информер“ објави дека Чеда и покрај тоа што сакал да ја избегне пејачката, не успеал во тоа, а сите забележале дека Цеца воопшто не го поднесува. Има и зошто.

Имено, уште од 2003 година, политичарот Чедомир Јовановиќ бил виновен за нејзиното апсење во акцијата “Сабја“, по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Во тоа време Јовановиќ беше потпретседател на владата, па медиумите пишуваа дека инсистирал фолк дивата да биде задржана во притворот и тоа во нехумани услови. Цеца ваквите наводи не сакаше да ги потврди, но истите никогаш ги нема ни демантирано. Пред неколку години, Чеда Јовановиќ објави и фотографија од Цеца направена во затворот. Монтажа или не, неговата порака беше јасна, а Цеца никогаш нема да му го заборави тоа.

Инаку, вдовицата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Светлана Ражнатовиќ, искоментирала кога дознала дека убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ ќе биде изречен во Србија од Јужноафриканската Република.
-Фала му на Бога што конечно ќе плати за злоделото за кое и моето и уште две семејства се завиени во црно. Божја правда е да биде затвореник во земјата Србија во која и извршил злосторство и од која избега како последна кукавица. Се надевам дека до крајот на животот ќе труне во затворот и дека ќе има доволно време одново и одново да се соочи со своите недела – сурово изјавила пејачката за српските медиуми./foto:Instagram/