Естрадниот Балкан врие: Цеца Ражнатовиќ конечно има ново момче: скоро 10 години е помлад од неа!

2064

Шпекулациите на медиумите одат до таму тврдејќи дека српската пејачка би можела повторно да стапи во брак што очигледно би било премногу необично со оглед на тоа дека нејзиното момче Богдан, на синот на Цеца би можел да му биде нешто како постар брат, бидејќи скоро 10 години е помлад од Цеца

Еве, како многу кусо ама и доста дрско одговорила популарната Цеца Ражнатовиќ кога дознала дека новинарите ја раскринкале нејзината нова љубов: Ајде, сега адио, не сакам да го коментирам мојот приватен живот! А,естрадниот Балкан гори, врие како во зовриен лонец! Како вонредна вест во сите музички емисии и во естрадни магазини се соопштува дека Цеца има ново момче. Станува збор за Богдан Срејовиќ младолик 38-годишниот угостител од Белград, искулиран и воспитан градски лик кој е воедно и среќно разведен повеќе од пет години.

Богдан е скоро 10 години помлад од Цеца, поранешен е сопруг на Зорана која е сегашната девојка на познатиот пејач Саша Ковачевиќ. Имаат ќерка Искра, а доколку го толкувате Инстаграм профилот на Срејовиќ лесно ќе заклучите дека тој и Зорана останаа во добри комуникации најмногу поради ќерката.

И покрај сите видливи докази дека се во љубовна врска, дека се вљубени до небото, ниту тој ниту Цеца досега официјално не ја потврдија својата врска пред новинарите кои преку папарацо фотографии ги следат на секој чекор.Така беше и кога биле видени неодамна за празниците во Босна на планината Јахорина и пред некој ден во еден белградски ресторан во кој за цело време на забавата се држеле за рацете и на масата, но и под масата.

Сега шпекулациите на медиумите одат до таму тврдејќи дека Цеца би можела повторно да стапи во брак што очигледно би било премногу необично со оглед на тоа дека момчето Богдан, на Вељко синот на Цеца би можел да му биде нешто како постар брат. Останува да видиме како понатаму ќе се одвива оваа интересна љубовна естрадно-угостителска приказна.   Д.М.  фото:Инстаграм