Естрадата алчна за пари, а короната не попушта: Само „ситни“ риби пливаат во матно!

114

Во соседна Србија откако во кафеаните и рестораните се влегува по 22 часот само со сертификат за целосна вакцинација, интересот на огромен број пејачи за пеење во полупразните угостителски објекти е нагло опаднат. Благо кажано, нема популарен пејач кој не е очаен! Има и такви но, ретки пејачи, кои во оваа тешка ситуација се исклучително алчни, бараат по 2.000 евра за една ноќ

(Дуле Миќиќ)

Додека во светот, како и во Македонија, пејачите се во паника немајќи целосна работа, па секој од нив или живее од заштедени пари кои ден за ден се трошат или чекаат подобри времиња, дотогаш и во соседна Србија, која важи за место каде што е развиен шоу-бизнисот, се воведени нови многу строги мерки. Во кафеаните, рестораните, диско клубовите…. се влегува по 22 часот само со сертификат за целосна вакцинација, па интересот на огромен број пејачи за пеење во полупразните угостителски објекти е нагло опаднат, а заработките се сведени на некои цркавици. Благо кажано, нема пејач од онаа прва гарнитура кој не е очаен! Но има и такви но, ретки пејачи кои во оваа тешка ситуација се исклучително алчни, не пеат под 2.000 евра за една ноќ

Тие на своја рака си ја зголемија цената по настап, и ако самите се свесни дека до таа пара тешко дека ќе стасаат. Газдите на рестораните, кафеаните и клубовите мака мачат како да ги платат и најпопуларните пејачи, па на многумина хонорарите им ги даваат на неколку рати. Уште потажно е тоа што дел од менаџерите ги поддржуваат во таквата алчност оние од многу понизок ранг на популарноста.

-Оваа беспарица нема уште да трае долго. Или ќе се пее пред преполни кафеани за пари со кои може нормално да се живее и создава нова музика, нови песни или нека стават катанец на врата, па кој ќе преживее ќе раскажува. Вака како што е сега, ситуацијата е катастрофална.
Кој нормален што има огромна славна кариера, а мора да вложува во себе, за една ноќ би пеел за 300,400 евра? Нема смисла ова да се трпи, а трпат голем број од нив од првата лига: Саша Ковачевиќ, Наташа Беквалац, Лепа Брена, Северина, Аца Лукас, Кеба, „Фрајле“, Здравко Чолиќ, Бајага, Жељко Самарџиќ, Лепа Лукиќ, Мирослав Илиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Зорица Брунцлик, Емина Јаховиќ……иста е ситуацијата и во Хрватска и таму нивните ѕвезди со месеци наназад немаат некои пристојни концерти, се им се тоа најобични тезги, слабо платени, а сите тие  пред коронавирусот земаа астрономски хонорари.

Во оваа нејасна ситуација, само некои “ситни риби“ пливаат во матно, надевајќи се на оние некогашни златни пари. Нема тоа веќе! Ќе чекаме, вели разочарано еден од менаџерите. Тој додава дека интересот на публиката со овие вакви забрани со поделбата на вакцинирани и невакцинирани, пејачи-парољупци лошо прават, бидејќи публиката не оди да слуша и “ужива” во песните на некои за нив, десетокласни интерпретатори.(Фото:YT,Google, Instagram)