Естонскиот министер за внатрешни работи Март Хелме нареди покренување правна истрага за тоа дали таа балтичка држава може еднострано да го отстрани безвизниот режим кој ЕУ го одобри на украинските државјани.

Шефот на националистичката Естонска конзервативна партија Хелме, изјави дека во неговата земја доаѓаат Украинци поради нејзината географска положа и историско наследство.

Оценувајќи дека Естонија е под притисок на миграцијата од исток, Хелме ја обвини шемата за укинување визи за ЕУ од 2017 година, нарекувајќи ја „тројански коњ”.