Естонија во Талин ќе ја победиме со десет разлика

41

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација со пораз ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2021 година, откако на домашен терен претрпе пораз од Естонија со 81:72. Клучен период за овој пораз од директниот ривал за трето место кое води на континенталниот собир (бидејќи Италија е директно пласирана поради тоа што е домаќин) беше втората четвртина, која за загубивме со 25:5.

Но, селекторот на репрезентацијата Александар Тодоров остана опримист дека „цевено – жолтите“можат да се пласираат на континенталниот собир и покрај тоа што загубија од директниот конкурент Естонија.

– Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме. Згора на тоа, Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. Првпат по подолго време игравме пред полна сала, но тоа не го искористивме. Начинот на кој одигравме во второто полувреме, сепак, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и сигурен сум дека ќе ја победиме Естонија во Талин со десет и повеќе поени разлика. Пред нас имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021, изјави Тодоров.

Слично како селекторот размислува и крилниот центар во репрезентацијата  Шејн Витингтон.

– Одигравме добро второ полувреме, но кошарката е спорт што се игра две полувремиња, а ние не бевме на нивото во првите 20 минути. Естонија е добра селекција, го докажа тоа, ние се боревме до самиот крај, но не успеавме да се вратиме. Ќе се бориме до самиот крај на овие квалификации, нема да се предадеме на следните натпревари“-порача силното крило на нашиот национален тим.

Најефикасен во македонскиот тим беше Војдан Стојановски со 26 поени, додека Шејн Витингтон и Ненад Димитријевиќ реализираа по 15 коша. На спротивната страна убедливо најдобар беше Кристијан Куламае со 29 поени.

За „црвено – жолтите“ нема време за одмор, бидејќи уште утре го играат вториот натпревар во квалификациите на гости кај Русија. Русите во првиот меч загубија на гостувањето кај Италија со 83:64.

 

Против Русите со Ефремовски, но без Димитријевиќ

Поради кусиот временски период за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб одлучи да ја искористи.

– Со интервенција на канцеларијата на Кошаркарската Федерација на Македонија, на местото на повредениот Ненад Димитријевиќ, заедно со останатите репрезентативци, отпатува кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски кој беше на списокот од 15 кошаркари, но заедно со Марко Миловановиќ и Филип Бакоч, отпадна на ден пред дуелот со Естонија.

Тоа ќе биде нова можност 21. годишниот шутер да дебитира за сениорската репрезентација откако претходно ги помина речиси сите младински селекции на Македонија, соопштија од КФСМ.