ЕСМ Продажба не одлучува за прифаќање на броилата за поевтина струја, обврската е на ЕВН

47

АД ЕСМ не одлучува кои броила ќе бидат одобрени за приклучување за снабдување преку ЕСМ Продажба од 1 декември 2022 година. Наведената обврска е во рамките на правниот субјект во рамките на ЕВН кој ја врши дистрибуцијата, и одобрувањето и прифаќањето се врши согласно правилата на работа на наведеното правно лице, се вели во денешното соопштение од ЕСМ Продажба.

Оттука, велат од ЕСМ Продажба, повикуваме да не не прозиваат за случаи во кои броилата не се прифатени.

-ЕСМ Продажба ги прифати за снабдување сите субјекти од трите категории по одлука од Влада кои ги исполнуваа условите и поднесоа комплетна документација, и истите ќе бидат снабдувани од 1 декември. Субјектите за кои Дистрибуција не одобри снабдување од различни причини, се телефонски известени од страна на ЕСМ Продажба, се потенцира во соопштението.

Од АД ЕСМ нагласуваат дека сите кои ги исполниле условите ќе добијат поевтина струја од 1 декември, без оглед дали договорите им се пристигнати на нивна адреса.