ЕСМ НА ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА ПРОИЗВЕДЕ 40% ПОВЕЌЕ СТРУЈА ОД ЛАНИ

30

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023г. АД ЕСМ преку капацитетите со кои
располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе
споредено со истиот период во 2022г, а дури 86% повеќе од истиот период во
2021г.

Планот за производство за 2023г. заклучно со вчерашниот ден се исполнува
101,50%. Позитивните резултати во 2023г. се должат на зголемениот ангажман на
вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и
зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената
хидрологија.

Во одредени денови има определени отстапувања во планираното производство
кои одат во плус или во минус, односно АД ЕСМ во одредени денови внесува и
значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од
потребните за дневното снабдување.