Познатата карпеста формација покрај островите Галапагос, позната како Дарвиновата Арка се урна. Министерството за животна средина на Еквадор соопшти дека причината е „природна ерозија“.

-Пријавено е паѓање на Дарвиновата Арка, прекрасниот природен мост што се наоѓа на помалку од еден километар од главниот копнен дел на островот Дарвин, соопштија од министерството.

Карпестата формација наречена според англискиот биолог Чарлс Дарвин се смета за една од најпопуларните локации за нуркање.

Островите Галапагос, на 906 км западно од континетален Еквадор, се заштитено природно богатство од страна на УНЕСКО.

Архипелагот се состои од 234 острови, лагуни и карпи. Четири од островите се населени од околу 30 илјади луѓе.