Ериксен во средниот ред

112

Италијанскиот калчо гигант Интер е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и поради таквата ситуација, раководните лица на Тотенхем ќе се обидат да го продадат за време на зимскиот преоден рок.

Поранешниот фудбалер на Ајакс е проценет на 30 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Реал (М), ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Баерн (М) и Јувентус.