Турција ќе се спротивстави на планот на НАТО за одбрана на балтичките земји, освен ако Алијансата не ги признае групите против кои  Анкара се бори како терористи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Обраќајќи се во Анкара во пресрет на самитот на НАТО во Лондон, Ердоган рече дека Турција очекува безусловна поддршка во нејзината борба против заканите од тероризам.

Во Лондон денеска почнува дводневниот самит на НАТО, со цел да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина.