Ердоган: Турција во Црно Море откри 135 милијарди кубни метри гас

37

Турција пронајде ново наоѓалиште со 135 милијарди кубни метри природен гас во јужниот дел на Црното Море, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со што вкупната количина на гас што земјата ја откри во регионот достигна до 540 милијарди кубни метри.

Минатата година, турскиот истражувачки брод Фатих (Освојувач) пронајде 405 милијарди кубни метри природен гас во полето Сакарија во западното Црно Море, најголемото турско откритие досега, пренесува Хина.

– Нашиот истражувачки брод Фатих откри 135 милијарди кубни метри природен гас во Аамасра-1 во полето на природен гас Сакарија, рече Ердоган на церемонијата во црноморската провинција Зонгулдак.

Турција, која има малку нафта и гас, во голема мера зависи од увозот од Русија, Азербејџан и Иран, како и од течен гас од Катар, САД, Нигерија и Алжир.

Минатата година Турција увезе 48,1 милијарди кубни метри гас, шест проценти повеќе од претходната година, третина од тоа од Русија.

Турција спроведува истрашување и во источниот Медитеран, спорната област, за која сопственост тврдат Грција и Кипар.