Ердоган го покани Путин да ја посети Турција

90
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека го поканил рускиот лидер Владимир Путин да ја посети неговата земја.
„Го поканивме Путин во нашата земја. „Сакаме да преземеме чекори за организирање на нашата билатерална средба“, изјави Ердоган за НТВ.
Според Тас с, Ердоган додаде дека со рускиот претседател планира да разговара за односите меѓу двете земји.
Ердоган, исто така, рече дека има потреба од сеопфатен дијалог кој ќе одговори на некои руски стравови во однос на безбедноста, пренесе Ројтерс.
Агенцијата додава дека турскиот лидер рекол дека не би било паметно Русија да започне воен конфликт во Украина и дека во тој случај Турција ќе го направи она што е неопходно како членка на НАТО.