Ердоган во Белград на гости кај српскиот претседател Вучиќ

666

Денеска во официјална посета на Србија престојува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција со највисоки почести свечено беше пречекан од својот домаќин српскиот претседател Александар Вучиќ пред платата „Србија“ во Белград, по што следуваше и нивна тет-а-тет средба.

Ердоган, Вучиќ и претседавачите и членови Претседателството на Република БиХ, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додиќ, утре во Белград ќе се состанат на трилатералниот самит на Србија, БиХ и Турција.

По самитот, претседателите на Турција, Србија и членовите на Претседателството на БиХ ќе присуствуваат на свечената церемонија за ставање камен-темелник за изградба на Автопатот Белград – Сараево во Сремска Рача.