Ракометната репрезентација на Шпанија обезбеди пласман во големото финале на Европското првенство, откако во второто полуфинале во Стокхолм, беше подобра од селекцијата на Словенија (34-32).

Во финалето Шпанија ќе игра со Хрватска која претходно во драматичен натпревар и четири одиграни продолженија беше подобра од еден од домаќините на првенството Норвешка. Двете поразени селекции ги чека меч за бронзениот медал.