ЕП во ракомет: Лазаров ја заврши првата фаза како четврти стрелец

153

Кире Лазаров ја заврши првата фаза на 14. Европско првенство во ракомет како четврти стрелец. Капитенот на македонската репрезентација во трите одиграни меча постигна вкупно 22 гола.

Украинската мрежа ја „тресеше” осум пати, против Чешка реализира 11 гола и три против Австрија во последното коло.

Прв стрелец на шампионатот засега е Австриецот Микола Билик со 28 погодоци, а меѓу него и Лазаров се Норвежанецот Сандер Сагосен и Швајцарецот Енди Шмит кои дадоа по 27.