„Епидемија“ на недостиг од работници: На Германија и недостасуваат и тајни агенти

87

Од пандемијата, на разузнавачките служби им стана сè потешко да најдат работници, бидејќи сите сакаат да работат од дома и не сакаат да се разделат со своите мобилни телефони, изјави шефот на германската разузнавачка служба БНД.

„Не можеме да понудиме одредени услови кои денес се земаат здраво за готово“, вели Бруно Кал, кој ја опишува потрагата по нови агенти како голем предизвик бидејќи генерацијата на „бејби бумери“ се пензионира.

„Работата од дома во БНД е невозможна од безбедносни причини, а тоа што не можеш да го носиш својот мобилен телефон на работа е премногу за еден млад човек“, додаде тој.

Околу 6.500 вработени работат во БНД, покажуваат податоците на веб-страницата на агенцијата.