Уметноста е таа на која и се посвети легендарниот актер Ентони Хопкинс (82) додека е во изолација. Актерот покажа дека освен што му лежи музичката уметност, не му е далеку и ликовната.
И додека пред неколку дена, во друштво на мачорот Нибло свиреше на пијано…
View this post on Instagram
Niblo is making sure I stay healthy and demands I entertain him in exchange… cats 🤷🏼♂️
…Хопкинс покажа дека знае и добро да слика
– Здраво на сите. Ви благодарам на великодушните коментари, добрите желби. Како што гледате, јас сум во изолација. Имам 82 години и правам многу работи. Меѓу останатото и сликам. За жал, мојот мачор Нибло не ја оправдува оваа работа. Веројатно мисли дека е подобар сликар од мене, изјави славниот уметник и ги покажа своите слики.