Во февруари пејачот Енрике Иглесијас и поранешна тенисерка Ана Курникова станаа родители по трет пат, а седум месеци подоцна ги воодушевија своите бројни обожаватели и следбеници на социјалните мрежи со првите фотографии од потпораснатата  ќеркичка Мери. На една од фотографиите, Ана ја облече во фустан сличен на тениските какви што таа носела за време на нејзините тениски денови. „Вимблдон, еве доаѓам “, напиша таа во објавата.

Инаку Енрике пред седум месеци гордо објави фотографија од болницата каде ја држеше ќерка си во рацете, а пресреќната Ана го стори истото, но оттогаш новороденчето не го прикажуваа во јавноста сè до денеска.

Иглесијас  и Ана  нивниот живот,  а особено оној  на нивните деца, сакаат да го чуваат во приватност,  за разлика од некои нивни колеги. Тие се заедно скоро 20 години и исто така се родители на близнаците Луси и Николас.