Ени збесна поради дро*ата која краде мажи

231

Речиси е невозможно да помине една недела, а офанзивниот бек на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, да не направи некаква голема глупост. На почетокот од месецот, репрезентативецот на Англија беше снимен како под дејство на алкохол во една дискотека ги соблекува панталоните и се бакнува со една девојка која не е неговата сопруга.

Не е никаква тајна дека на дефанзивецот на Сити му мрда опашката и поради таквата навика неговата сопруга на неколку пати го напушташе заедничкиот дом, но тоа не го спречи Вокер и понатаму да прави глупости.

Ени Килнер со години се надеваше дека ќе се промени, но нејзиниот сопруг повторно ја повреди. Британските медиуми открија дека фудбалерот пред неколку дена се дружел со поранешната љубовница и инфлуенсерка, Лаурин Гудман, со кого има и син.

Факт е дека двајцата се сретнале во адвокатската канцеларија каде што дискутирале околу грижата за заедничкото дете, но „Сан“ пишува дека Вокер тоа го направил зад грбот на Ени и затоа неговата сопруга сега многу е лута.

  • Не и беше мило затоа што имал средба со неа, па дури и ако истата се случила во адвокатската канцеларија каде што дискутирале за приватни работи, откри изворот кој е близок до сопругата на Вокер.

Играчот на Манчестер Сити и Ени се запознале во нивниот роден град Шефилд, кога Вокер имал 17, а неговата сегашна сопруга 15 години.

Пред неколку години Вокер имаше љубовна афера со британската ТВ ѕвезда Лара Браун, и сосема заслужено беше избркан од заедничкиот дом, но потоа Ени му прости.

На почетокот од 2020 година репрезентативецот на Англија ја започна љубовната врска со Лаурин Гудман, која му роди дете, но и тогаш Ени имаше разбирање за целата ситуација и веднаш му прости иако постојано изјавува дека Лаурин е „дроља која краде мажи“.