Енергетскиот ас за спас, од Мицковски стигна до Владата! 

Власта и опозицијата седнаа на заедничка маса за да најдат решенија за моменталната енергетска криза со која се соочува стопанство. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди план за спас од кризата кој опфаќа набавка на поевтини ресурси и ставање во функција на сите капацитети во државата за производство на електрична енергија. Тој смета дека со поевтините енергенси ќе се произведе двојно поевтина струја за компаниите. Власта го прифати предлогот на Мицковски, а барањето за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар ќе се прават дополнителни анализи

70

Компаниите ќе добијат двојно пониска цена на струјата од онаа на слободниот пазар, доколку Владата искомуницира со компаниите кои ги посочи ВМРО-ДПМНЕ, а кои може да достават поевтини енергенси за производство електрична енергија. На средбата во Владата за спас од енергетската криза за прв пат на заедничка маса седнаа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски беше договорено министерот за економија Крешник Бектеши да стапи во контакт со компаниите и ќе ги разгледа нивните понуди. Доколку добијат зелено светло ќе треба да достават понуди до ЕСМ каде ќе ги разгледува стручна комисија како што предвидува законот.

По средбата министерот Бектеши ги доби од ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на енергија.

Струјата која би се произвела од ТЕЦ Неготино и „ТЕ-ТО“ со набавка на поевтини ресурси ќе биде по двојно пониска цена и ќе биде наменета за индустријата и големите потрошувачи и со тоа би се спасила економијата, производствениот процес и работни места.

-Мислам дека во период што следи е потребно силно да работиме да ги надмине сите проблеми што очиглено ќе ни се случуваат. Бидејќи дека она првичното сценарио за производство на струја со полн максимум е тешко да се оствари, изјави Мицкоски и побара јавните комунални претпријатија на регулиран пазар.

Тој уверува дека компаниите со кои тој контактира можат да испоарачаат гас во Македонија и можат да постигнат договор со „Гаспром“ кој е закупник на интерконекторот.

Според него, кризата нема да заврши сега и треба да бидеме подготвени и за идната година.

Премиерот Ковачевски ја оцени средбата како конструктивна и соопшти дека го информирал Мицкоски за кондицијата на капацитетите за производство на електрична енергија и чекорите кои се превземаат за набавка на енергенси.

-Ќе ги разгледаме предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за справување со енергетската криза. Дополнителни анализи ќе има за основното барање на ВМРО-ДПМНЕ за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар. Разбирливо е дека тоа им беше главно барање, бидејќи ги имаат најголем број од градоначалниците. Ние го немаме тој луксуз, мораме да се грижиме за сите подеднакво, рече Ковачевски.

Тој ја нагласи потребата што побрзо да се донесат законите во Собранието кои поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни.

Околу предлозите на опозицијата во делот на подобрување на инфраструктурата кажа дека дел од нив веќе се во план како проекти.

(А.С.)