Шампионот во полутешка УФЦ категорија, Џон Џонс, е уапсен од полицијата во Албакерки, Ново Мексико, поради возење во алкохолизирана состојба и носење на оружје. ММА борачот веднаш бил лишен од слобода, а по кус период бил пуштен од полициската станица.

Како што е наведено во полицискиот извештај, полицајците излегле од станица поради некоја пукотница, а по пат го пронашле Џонс како спие во автмобил (со двојно повеќе алкохол во крвта од дозволеното). Инаку, ова не е прв пат Џонс да заврши во полициска станица, откако претходно низа скандали со законот, дрогата, допингот му направија сериозни проблеми.