Емерсон прва зимска аквизиција

160

Италијанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Емерсон Палмиери, најверојатно ќе биде првата зимска аквизиција на најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус.

Раководните лица на двата клуба се седнати на преговарачката маса, а офанзивниот бек веќе потврдил дека сака да се пресели во Торино. Од продажбата на поранешниот фудбалер на Рома, челниците на лондонските „сини“ очекуваат заработка не помала од 30 мил. фунти.