Емери го мерка Сусо

57

Шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Сусо, е најновата желба на актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Унаи Емери.

Скаутите на „топчиите“ во живо го следеа првенствениот дуел против екипата на Калјари, кој заврши со убедлив триумф на”росонерите#од 3:0, а Сусо беше најзаслужен за првиот погодок на натпреварот. За да двата клуба седнат на преговарачката маса, официјалната понуда за услугите на Сусо не смее да биде помала од 50 мил. евра.