Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, е бескрајно разочаран што не доби повик за Ол-стар натпреварот во НБА лигата. Последна сламка за спас се тренерите, кои со гласање ќе изберат кои од останатите кошаркари ќе се најдат како резервисти на големиот НБА спектакл.

  • Не знам дали ќе стигнам до Ол-стар натпреварот. Како да знам. Како што кажав неодамна, веќе сум навикнат на непочитување, па нема да ме чуди ако не ми се јават. Ќе видиме. И да не се случи тоа, не е важно. Ако добијам покана тогаш ова е секогаш признание, без разлика дали сте на почетокот на кариерата или не. Се обидува да бидам најдобар, така што, штета е да не бидам меѓу главните играчи. Но, има поважни цели. Верувам дека нашиот тим е способен за многу оваа година, па ќе се концентрирам на ова, изјави Ембид.

НБА Ол-стар викендот ќе се игра од 17 до 19 февруари во Солт Лејк Сити. Веќе е познато дека тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, ќе го предводи тимот на Леброн Џејмс, а главна причина што се најде во таа улога е што тимот од Колорадо моментално е на првото место во Западната конференција. Ова нема да биде првпат Мелоун да води тим на Ол-стар натпревар, бидејќи таа улога ја имаше и во 2009 година.

Место во Ол-стар натпреварот во Западната конференција обезбедија Јокиќ, Лука Дончиќ, Стеф Кари и Зајон Вилијамсон, додека стартери во тимот од Истокот се Кари Ирвинг, Донован Мичел, Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумбо, кој воедно ќе биде и капитен на вториот тим.

Леброн и Адетокумбо ќе бираат играчи за своите тимови, а 14 резервисти ќе бираат главните тренери, пред самиот Ол-стар натпревар.