Додека македонските љубители на фудбалската игра го чекаат премиерниот настап во Премиер лигата на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, британските медиуми веќе го открија првото лице на Лидс. Не станува збор ниту за фудбалер, ниту за член на стручниот штаб, туку за нивната сексапилна пртезентерка, Ема Луис Џонс, која можеше да се забележи на трибините на првиот меч оваа сезона во најквалитетното клупско натпреварување на Островот, помеѓу екипите на Ливерпул и Лидс.

Само еден натпревар и само еден нејзин коментар на социјалните мрежи беше доволен да ги стави сите во транс. Згодната Ема, како и сите навивачи на Ливерпул или Лидс, беше на прагот да доживее нервен слом за време на премиерниот натпревар на „Енфилд“, а по поразот на нејзиниот тим од актуелниот шампион, таа кратко праша: „Дали има некој што може да го провери моето срце?“

И, секако, реагираа сите кои ја видоа нејзината објава, но, колку што знаеме, никој сè уште не отишол лично да провери дали е во ред сексапилната навивачка.