Емануел Макрон вели дека разбира дека карикатурите можат да „шокираат“, но го осудува насилството

36

Шефот на француската држава Емануел Макрон даде интервју за телевизијата Ал Џезирa, во контекстот на непријателски настроените демонстрации кон Франција во неколку земји од муслиманскиот свет. Интервјуто за катарската телевизија е почеток на француската контра-офанзива, со оглед дека неговиот говор против исламистичкиот сепаратизам е „скратен“ или дури „изманипулиран“ од одредени арапско-муслимански земји, па затоа Емануел Макрон одлучи самиот да одговори на неговите критичари. Тој во 55-минутно интервју за Ал Џезеира, кое треба да се емитува во попладнево во 17 часот, откако беше снимено во петокот во Елисејската палата, се обидува да ги пренесе француските ставови, јави дописникот на МИА.

Катарскиот канал, кој емитува на англиски и на турски јазик, како и Ал Џезира Балкан, тврди дека има повеќе од 25 милиони гледачи, особено во регионот на Блискиот исток и Северна Африка. Таа телевизија е дел од медиумите „каде што зборови на Макрон беа искривени, дури и карикатурирани“, велат од опкружувањето на Макрон и додаваат:„Шефот на државата сака да ја објасни својата визија на мирен начин“.

Во интервјуто – кое ќе се емитува на арапски јазик, но за кое Елисејската палата ќе објави текст на француски – Емануел Макрон „ги објаснува“, според неговата придружба, „основите на францускиот модел“. Имено „вредностите на Републиката, слободата на печатот, слободата на цртање и карикатурата“. За време на ова интервју, тој потврдува: „Разбирам дека може да шокира карикатурата, но никогаш нема да прифатам дека може да се оправда насилството. Нашите слободи, нашите права, сметам дека е наша определба да ги заштитиме “.

Тој исто така ја искористи можноста да ја потврди својата волја за борба против тероризмот на национална територија и негира дека сака да ги стигматизира муслиманите. Одговор до сите шефови на држави или влади кои го обвинија за такви намери во последните неколку недели. И што јапоттикна и кампањата за бојкот насочена кон Франција, и кампањата за омраза насочена кон претседателот.

Од палестинските територии до Бангладеш или Сомалија, преку Пакистан, Авганистан, Иран и Либан, насилните демонстрации се бројни против шефот на француската држава. Бесење на негова кукла, газење на неговиот портрет и палење на тробојката. Секој пат, со закани изразени во поворките и од нивните водачи. Доказ, според Елисејската палата дека имало итна потреба да се реагира.

Извор:МИА